Пилешки плескавици со лута пиперка и сирење
Состојки
- 300гр пилешко мелено месо
- 1 лажица мелена лута црвена пиперка
- 1 главица кромид сецкан (може и црвен )
- 50 гр панцета (сланина пушена сецкана на коцки ситни )
- 50гр рендано тврдо сирење
- 2 лажици лебни трошки
- 1 јајце
Подготовка
Пилешкото месо посолете го со сол.
Додајте му црн бибер и мелена лута црвена пиперка.
Ставете мелен црн бибер по вкус. Нарендајте го тврдото сирење и додадете ги ситно сецканата панцета. Јас ставив се во машинка и се е мелено.
Додадете го јајцето и лебните трошки, кромидот исто и замесете убаво. Нека се соединат состојките.
Ставете ја смесата во ладилник околу 30минутки.
Извадете ја потоаи формирајте плескавици. Редете ги на рамен сад. Откако се готови, почнете со пржењето. Ако пржите во тавче ставете масло и пржете на тивко. Ако ги правите на грил тава, јас не ставам воопшто масло.
Нека се заруменат па вадете ги на кујнска хартија.
Сервирајте со зеленчук на пареа или по ваша желба.
На здравје