Пилешки крилца во маринада од мед
Крилцата убаво одмрзнати и измиени, ставете ги во длабок сад (не метален). Од сите состојки се мешаат со жица и се прави маринадата, крилцата се потураат и убаво се извалкуваат во неа. Се оставаат во фрижидер, нај малку 3-4 часа, а поубаво е од вечер. Кога ќе можете, неколку пати промешајте ги. Во плех на пекарска хартија, наредете ги и печете ги на 200 до 220 степени 40 минути. Во печењето завртувајте ги за да добијат убава боја од сите страни. Внимавајте кожичката знае да се залепи на хартијата, па крилцата да ви останат голи хе хе.
Вкусно мезе за убава седенка на вечер со друштво.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
слатко-солено пржено, превкусно