Испечати

Пилешки крилца во маринада од мед

Пилешки крилца во маринада од мед

Состојки

  • 1 кг пилешки крилца
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица полна сенф
  • 1 лимон (сокот исцеден)
  • 1 филџан масло за јадење
  • 1 лажица сув зачин мешан
  • малку (на врв на лажиче колку еден прстофат) црвен пипер
  • малку (на врв на лажиче колку еден прстофат) мелен ким
  • сол, бибер по вкус

Подготовка

Крилцата убаво одмрзнати и измиени, ставете ги во длабок сад (не метален). Од сите состојки се мешаат со жица и се прави маринадата, крилцата се потураат и убаво се извалкуваат во неа. Се оставаат во фрижидер, нај малку 3-4 часа, а поубаво е од вечер. Кога ќе можете, неколку пати промешајте ги. Во плех на пекарска хартија, наредете ги и печете ги на 200 до 220 степени 40 минути. Во печењето завртувајте ги за да добијат убава боја од сите страни. Внимавајте кожичката знае да се залепи на хартијата, па крилцата да ви останат голи хе хе.
Вкусно мезе за убава седенка на вечер со друштво.