26
авг
2020
Пилешка салата со наут
Салатава е врв, брзо се приготвува, а уште побрзо се јаде. За времето на подготовка не треба да зборувам, се прави буквално за 10 минути.
Филето сварете го додека стане бело.
Исецкајте го ситно или едноставно искинете го.
Додадете го кромидот и сите останати состојки. Убаво измешајте и сервирајте!
*користев наут од тегла
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови