Испечати

Пилешка салата со наут

Пилешка салата со наут

Состојки

  • 300 гр пилешко филе
  • 200 гр наут
  • 1 главица рендан кромид
  • 1 лажичка сенф
  • 1/2 лажичка кари и сол спред ваш вкус
  • 100 гр маринирани шампињони
  • 200 гр кисела павлака
  • 2 лажици мајонез

Подготовка

Салатава е врв, брзо се приготвува, а уште побрзо се јаде. За времето на подготовка не треба да зборувам, се прави буквално за 10 минути.
Филето сварете го додека стане бело.
Исецкајте го ситно или едноставно искинете го.
Додадете го кромидот и сите останати состојки. Убаво измешајте и сервирајте!
*користев наут од тегла