Пикантни грицки
Омекнатиот путер убаво се изработува со вилушка, се додаваат паштетите, се продолжува убаво да се измеша со путерот, па после се додава и урдата, треба убаво се да се измеша, се додава малку сол и црн пипер и на крај брашното и пецивото. Се меси со рака подолго време за да се добие убаво, мазно тесто кое не се лепи по рацете.
Откако ќе се замеси тесто се става во ладилник да отстои преку ноќ.
Наредниот ден се вади тестото од ладилник и се расукува кора со дебелина од 0,5-1 см. И со калапчиња се вадат форми и се редат во подмачкан плех. Се премачкуваат со јајце и се посолува со семки од сончоглед и ленено семе, или други семки по желба.
Се печат 15 минути на 200 степени.
Излегуваат многу крцкави и вкусни грицки. Доколку сакате помала количина, намалете ја дозата на половина.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови