Прво пилето убаво се мие. Сите зачини ги мешаме и со нив пилето го посолуваме и масираме од сите страни и одвнатре. Се замотува во фолија и се остава во фрижидер барем 5 часа.
Потоа се става во плех на пек-хартија. Не се достава ниту вода, ниту зејтин, тоа ќе си пушти и течност и маснотија во тек на печењето.
Се пече на 180 степени околу 1 час. Во текот на печењето пилето се врти на секои 15 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови