Печено пиле во апарат со топол воздух
Состојки
- 800-900грама пиле
- зачини мешан сув зачин, сол и бибер
Подготовка
Пилето се мие и се премачкува со маслиново масло.
И од надвор и од внатре се наросува со зелен зачин, се посолува и побиберува и се става во Аир Фраер на 160 степени 30 минути. После 30 минути се превртува и се остава уште 30 минути на истата температура. На крај се пушта 15 минути на 200 степени. Пилето е крцкаво од надвор, а сочно и меко внатре.
Убав апетит!