Во вок тавата на масло запржете го кромидот на појадри парченца. Додајте ги сецканите шампињони и пропржете добро. Во тава огноотпорна или пак земјена одберете вие, ставете ги парчињата стек. Ако ги ставате цели листови, ќе ви испаднат 4 парчиња. Нели еден отворен стек испаѓа 2 листови, а два стека 4 листови. Премачкајте ги од едната страна со сенф, а од другата страна со мајонез. Ако ги правите како мене, тогаш исецкајте ги на коцкички мевцата, па префрлете ги во сад во кој има мешавина од сенф и мајонез.
Така спреманото мевце зачинете го.
Префрлете во садот во кој ќе печете. Прскајте масло врз стекот и додајте ги печурките на тој начин што ќе ги расфрлате по тавата. Додајте една лажица павлака и промешаајте благо.
Налејте една чаша вода и ставете во загреана рерна пола саат.
Веќе имате прекрасен и брз ручек. Сервирајте си со рестован компир. Салатата секако не ја избегнувајте. На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови