Печено мисиркино месо со мешан зеленчук
Месото подгответе го еден ден однапред. Внимателно, со остар нож отстранете ја коската од месото. Ставете го во поголема кеса за замрзнување, додадете го кромидот и лукот крупно исечкани, гранчињата мајчина душица и налејте го сокот од јаболка.
Затворете ја добро кесата и ставете ја во фрижидер преку ноќ.
Наредниот ден извадете го месото од фрижидер и убаво исушете го со кујнска хартија.
Рерната загрејте ја на 200степени.
Заролајте го месото во ролна и врзете го со кујнски конец. Посолете и набиберете. Зејтинот измешајте го со црвениот пипе и со таа смеса премачкајте го месото од двете страни.
Ставете да се пече 1ч и 30 мин. За време на печењето превртете го месото и од другата страна да се испече.
Откако ќе се испече оставете малку да се олади, одстранете го конецот и сечете парчиња.