Одличен појадок кој ќе ви овозможи денот да ви почне со разгалување. Подготовката е мошне едноставна и брза, а вкусот и повеќе од одличен.

Во еден мал керамички сад (ако ги имате, најсовршени се оние мали калапи за суфле/ремекини), ставете малку путер и размачкајте го по дното и ѕидовите на калапот. Сега додадете ја киселата павлака на дното и со лажица направете малечка вдлабнатина во која ќе го скршите јајцето. Посолете и побиберите по вкус, додајте ја шунката, кашкавалот и ситно сецканиот магдонос или власец. Одозгора ставете и една малечка коцкичка путер.

Калапот ставете го во загреана рерна, на 250 Ц, додека одозгора не добие златна боја, отприлика едно десетина минути што е доволно долго белката да се испече, а жолчката да остане течна.

Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови