18
јул
2018
Печени путер крофни
- Во сад за месење ставете ги јајцата, млекото, ванилата и издробениот квасец. Измешајте ги состојките.
- Потоа во садот додајте ги шеќерот, омекнатиот на собна температура путер и прстофат сол. Со постепено додавање на брашното замесете меко нелепливо тесто.
- Тестото покријте го со најлонска фолија и крпа, и оставете убаво да нарасне.
- Од нараснатото тесто расучете кора со дебелина од 1-1,5 см. Со кружен калап вадете кругови и редете ги во плех обложен со хартија за печење.
- Крофните покријте ги и оставете да нараснат уште 45 минути. Нараснатите крофни печете ги во загреана рерна на 180 степени за време од 15 минути. Испечените и топли крофни премачкајте ги со растопен путер и посипете ги со кафеав шеќер и цимет. На здравје!