1. Прво го вариме просото, во сооднос 2:1. Додаваме сол. Кога водата е целосно упиена го покриваме тенџерето и оставаме 5 минути да одстои така. Потоа со вилушка го промешуваме, односно растресуваме и оставаме да се излади.

2. Во мала тава го пржиме ситно сецканиот праз и сецканата сланина, да пуштат арома. Тргаме од оган, додаваме сецкана блитва, промешуваме и оставаме да се изладат.

3. Во еден сад ги соединуваме просото, празот и сланина, јајце, младо сирење, сол, бибер. Убаво со вилушка промешуваме. Формираме 8 плескавици

4. Ги печев во Апарат за готвење со топол воздух. 2 х4 плескавици, по 10 минути од едната и 10 минути од другата страна. Може да се печат и во рерна.

Ги сервира со прилог од пржени свежи шампињони и Освежителен Хајдари сос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани