Подготовка:

1. Во сува тава, на умерен оган, ја ставаме сецканата сланина да се запржи. Тргаме на страна и оставаме да се излади.
2. Во сад ги соединуваме брашното, пецивото, солта, биберот и ориганото. Промешуваме. Го додаваме сецканиот путер. Ги мешаме на брзина сите состојки, формирајќи трошки. Ги додаваме сланината, младото сирење и јогуртот.
3. Замесуваме нелепливо тесто. Го поставуваме во тава (јас не ја намастив). Со рацете го расплескуваме тестото во округла форма. Го сечeме на 8 триаголници, Печeме околу 25 минути во загреана рерна.
Сервираме и уживаме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани