Печени плескавици од просо, праз, сланина, младо сирење
Состојки
- 1 шолја за кафе,просо
- 2 шолји вода
- сол
- 1/2 страк праз
- 50 гр сланина
- 1 јајце
- 1 лажица младо сирење,
- 2 листови блитва или магдонос малку
- сол и бибер
Подготовка
1. Прво го вариме просото, во сооднос 2:1. Додаваме сол. Кога водата е целосно упиена го покриваме тенџерето и оставаме 5 минути да одстои така. Потоа со вилушка го промешуваме, односно растресуваме и оставаме да се излади.
2. Во мала тава го пржиме ситно сецканиот праз и сецканата сланина, да пуштат арома. Тргаме од оган, додаваме сецкана блитва, промешуваме и оставаме да се изладат.
3. Во еден сад ги соединуваме просото, празот и сланина, јајце, младо сирење, сол, бибер. Убаво со вилушка промешуваме. Формираме 8 плескавици
4. Ги печев во Апарат за готвење со топол воздух. 2 х4 плескавици, по 10 минути од едната и 10 минути од другата страна. Може да се печат и во рерна.
Ги сервира со прилог од пржени свежи шампињони и Освежителен Хајдари сос.