Макарони печени со млеко
Рецепт кој го научив од мајка ми. Лесно и вкусно.
1.Макароните несварени се стават во тавче.За ова количина јас употребив мало четвртасто тавче.
2.Се додава солта и јајцето во млекото.Се промешува со вилушка да се соедини и се истура врз макароните.
3.Сирењето се ренда и се додава во макароните.
Се промешуваат макароните и се става тавчето да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени и се печи 50тина минути.
Забелешка
Ова доза е за 2 лица, не можев да правам за 4, нема кој да ги јади многу се (а и од овие ќе ни останат ))
Големината на тавчето зависи од количината која ќе ја правите.
За поголема количина макарони, млеко се става толку за да ги прелие макароните, сол по вкус, јајца и сирење колку сакате и какво сирење сакате.
Можете да сервирате со кисело млеко или павлака, но и без тоа се вкусни.
Може да се јаде во било кој дел од денот не само за ручек.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови