
Печени лепчиња со јајца, сирење и млад кромид
Еден вкусен начин како да се искористи стоениот леб и да се изеди цел во сласт.
Кај мене остана леб од пекачот и на овие фотографии е истиот искористен вака. 
Изматете ги со жица јајцата, па додадете ја павлаката или киселото млеко.
Откако ќе ги соедините додејте го со дробење сирењето и ситно сечнани кромитчињата. Посолете, побиберете и се убаво измешајте. 
Лепчињата наредете ги во плех обложен со пек хартија и врз нив богато нанесете од филот.
Одозгора поросете буковец и печете ги на 200 степени додека фата убава кора одозгора. 
Секако, заради густината на филот споредено со големината на јајцата можи да калкулирате со додавање на сирењето, па дури и малку со павлаката.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови






















