
7
мај
2014
Печени компири со сусам
Компирите ги вариме и потоа ги сечиме на тркала. Редиме во намрсен калап еден ред компири, сусам, половина сирење и пак го повторуваме редењето.
Кога сме готови со редењето ја тураме коцката за супа која претходно ја имаме зовриено со водата. Го тураме и маслото наросуваме пак сусам и печиме 25 мин. на 180 степени.
Пет минути пред да бидат готови компирите ги вадиме од рерна и ја тураме павлаката биена со јајцата и допекуваме уште 10 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови