17
ное
2015
Печени кебапчиња од карфиол
Многу брзо и вкусно мезе, одлично оди со павлака или мајонез. Се подварува карфиолот во солена вода 5-10мин. Потоа се става во блендер и се блендира кратко да не е премногу мазна смесата. Кромидот ситно се сецка, се додава јајцето, изгмеченото фета сирење, зачините и лебните трошки. Се се меша да се добие убава хомогена смеса. Со намрсени раце формираме ќебапчиња и ги ставаме на мрсна хартија на плех. Печеме околу 20-30мин на 200 степени
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
да не зборам за тоа колку лесно и брзо се спремаат. мераци :)
фала за рецептот :)