Печени кебапчиња од карфиол
Состојки
- 500гр карфиол
- 1 средна главица кромид
- 1 јајце
- 100гр фета сирење
- 2-3 лажици лебни трошки
- по вкус мешан зачин
Подготовка
Многу брзо и вкусно мезе, одлично оди со павлака или мајонез. Се подварува карфиолот во солена вода 5-10мин. Потоа се става во блендер и се блендира кратко да не е премногу мазна смесата. Кромидот ситно се сецка, се додава јајцето, изгмеченото фета сирење, зачините и лебните трошки. Се се меша да се добие убава хомогена смеса. Со намрсени раце формираме ќебапчиња и ги ставаме на мрсна хартија на плех. Печеме околу 20-30мин на 200 степени