Туфахија е традиционален босански рецепт, кој се подготува од јаболки, дуњи или круши, кои се полнат со суво овошје, јаткасти плодови и џем или мед. Обавено се користи и рум, но јас тука заменив со ликер од вишна, бидејќи немав.

1. Сувите смокви и сливи се сецкаат на ситни коцки. Се ставаат во длабок сад и се мешаат со сувото грозје, брусницата и сецканите јаткасти плодови. Се зачинуваат по вкус.
Состојките се прелеваат со ликер од вишна или рум и се мешаат со џем или мед, зависно по вкус како ви одговара.
*Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее додека ги подготвувате состојките.
2. Дуњите се сечат на пола и се длаби средниот дел, за да направиме простор за полнење.
Се полнат со 2-3 лажички фил и потоа се ставаат да се печат во загреана рерна. Подобро е да ги покриете со фолија, за да омекнат дуњите, а да не ви се испече пребрзо филот. Печете ги се додека дуњите станат меки на допир, односно чепкалката лесно да поминува низ месестиот дел. Тогаш ја исклучувате рерната, ја тргате фолијата и оставате да се фати коричка на филот.

Оваа комбинацијана состојки ме воодушеви и отсега ова ќе биде многу често правен десерт во мојата кујна!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови