Рецептов и го посветувам на мојата јатрва Васка која ми ја подари оваа интересна оклагија со ѕвездички кои оставаат печат на тесто. Бев испровоцирана да направам повеќе типови на печат колачиња кои се многу вкусни, а и интересни.

Подготовка
1. Најпрво го вадиме семето од ванила стапчето.
2. Путерот заедно со шеќерот, ванилата и јајцето ги соединуваме и матиме со миксер.
3. Го додаваме брашното и пецивото па замесуваме тесто, формираме топка.
4. Го виткаме во најлонска фолија и го оставаме во фрижидер на 1 час.
5. Потоа расукуваме кора поминуваме со оклагијата и потоа вадиме форми со калапчиња.
6. Ги печеме во загреана рерна на 180 – 200 степени. Печењето е кратко, колачињата треба да останат бели.

Забелешка
Исто така употребив и печати кои ги користам за фондан смеса и од нив успешно излегуваат печати на тесто.

Ја утнав првата доза со печењето, ми станаа кафеави...многу помошници по кујна....хахахаха....ама и тие потемнетите колачиња беа вкусни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани