Печат колачиња
Состојки
- 200 гр омекнат путер
- 1 јајце
- 100 гр шеќер
- 1 пециво
- 330 гр брашно
- 1 ванила стапче
- Прстофат сол
- Рендана кора од лимон
Подготовка
Рецептов и го посветувам на мојата јатрва Васка која ми го подари ова интересна оклагија со ѕвеѕдички кои оставаат печат на тесто. Бев испровоцирана да направам повеќе типови на печат колачиња кои се многу вкусни, а и интересни.
Путерот заедно со шеќерот ванилата и јајцето ги соединуваме и матиме со миксер. Го додаваме брашното и пецивото и замесуваме тесто. Го виткаме во најлонска фолија и го оставаме во фрижидер на 1 час. Потоа расукуваме кора поминуваме со сукалото и потоа вадиме форми со калапчиња. Исто така имам и печати кои ги користам за фондан смеса и од нив успешно излегуваат печати на тесто. Ги печеме во загреана рерна на 180 – 200 степени. Печењето е кратко, колачињата треба да останат бели. Ја утнав првата доза со печењето, ми станаа кафеави...многу помошници по кујна....хахахах....ама и тие беа вкусни.