23
јун
2020
Петминутни крцкави лепињи
Лепињиве се подготвуваат баш за 5 минути.
Крцкави се, за разлика од оние кои се поодготвуваат со квасец кои се меки.
Прво релната се загрева на 200 степени.
Во сад ги ставаме маслото, јогуртот, сол.
Промешуваме па додаавме брашно и пециво.
Замесуваме тесто.
Го делиме на 6-7 топчиња.
Малку со раката ги расплескуваме.
Одозгора ги премачкуваме со четка со малку јогурт.
Посипуваме сусам или лен.
Ги печиме додека заруменат.
Сервираме топли.
Користена е чаша од 200 мл и за брашното и за јогуртот
Лиценца: Сите права се задржани