
6
апр
2020
Плескавици од просо (киноа) и моркови
Сварете го просото (киноата) и исцедете го од водата.
Морковите и кромидот изрендајте ги. Ако користите млад кромид исечкајте го како и магдоносот на ситно. Лукот поминете го во преса или користете лук во прав.
Ставете ги сите намирници во вангла и рамномерно измешајте ги.
Од смесата правете средно големи плескавици и редете ги во плех, претходно намастен или обложен со хартија.
Печете ги на 200С додека заруменат, околу 20на минути.
Послужете ги со салата или кисело млеко, павлака.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови