Плескавици од просо (киноа) и моркови
Состојки
- 200 гр просо или киноа
- 4 поголеми моркови
- 1 главица кромид или 5 млади кромидчиња
- 2 чешниња лук
- 2 лажици презла
- 2 јајца
- по желба магдонос
- зачини - вегета, мајчина душица или нане, чубрика, пимент или црн бибер (избор по ваѓа желба)
Подготовка
Сварете го просото (киноата) и исцедете го од водата.
Морковите и кромидот изрендајте ги. Ако користите млад кромид исечкајте го како и магдоносот на ситно. Лукот поминете го во преса или користете лук во прав.
Ставете ги сите намирници во вангла и рамномерно измешајте ги.
Од смесата правете средно големи плескавици и редете ги во плех, претходно намастен или обложен со хартија.
Печете ги на 200С додека заруменат, околу 20на минути.
Послужете ги со салата или кисело млеко, павлака.