Пај со пилешко
Исчистете од кожата месото, исецкајте на помали парчиња - испржете.
- Кромидот исецкајте и ставете да се пржи заедно со исецканите пиперки, додадете го излупениот и исецкан домат, нека се заедно пржи. Пред самиот крај на пржењето додадете го веќе испрженото пилешко, промешајте, нека сето тоа заедно се пропржи околу 5-6 минути и тргнете настрана.
- Во сад или засебни мали порции, ѓувечиња, кои веќе сте ги премачкале со путер, ставете на дното дел од пирето, распоредете од прженото месо, покријте со пире.. врз пирето ствете по малку масло или путер, се така додека потрошите од состојките.
Ставете во веќе загреана рерна на 200 степени и нека се потпече околу 15 мн. Извадете од рерната, посипете со рендан кашкавал, вратете во рерната да се допече додека се стопи кашкавалот. Тогаш веќе е готово.
Напомена
- Овој рецепт е повеќе идеја како да се искористи остаток од печено или пржено месо. Вакво нешто спремам секогаш кога ќе ми остане какво било месо, печено или пржено, но најмногу со пилешко. Некогаш е од останато месо од печеното пиле, некогаш од градите, батаци или кара-батаци. Кожата ја одстранувам. Значи ќе испржам кромид, пипер и домат, пред самиот крај ќе го додадам веќе исеченото печено или пржено месо. Ако го приготвите со мелено месо, тогаш ќе имате Овчарски пај.
- Пирето го спремам стандардно, го варам компирот, пасирам притоа додавајки малку путер, млеко, јајце., зачинувам и тоа е. Вие спремете го онака како што сакат да го консумирате.