Парени сукани стасни банички со сирење
Брашното со квасецот, солта, шеќерта и зејтинот го замесуваме со топла вода. Од тестото формираме неколку топки, големината и бројот на топчињата тесто зависат од површината на која ќе ги сукате. Јас сукам на работна маса и затоа ми излегуваат десет помали топчиња кои се доволни за еден плех од шпорет.
Топчињата ги сукаме попрскуваме со неколку лажици зејтин ставаме од сирењето и ги преклопуваме за да добиеме правоаголна форма која ја гужваме. Вака подготвените банички наросете ги со сирење ставете ги во плех и оставаме петнаесетина минути додека ни се загрее рерната да подстасаат.Печеме на 200степени половина час.
Од како баничките ќе се испечат попарете ги со врелата вода повторно вратете ги во рерната да ја впијат течноста.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани