Испечати

Парени сукани стасни банички со сирење

Парени сукани стасни банички со сирење

Состојки

  • тесто
  • 5гр. сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 70мл. масло
  • 500гр. брашно+ 100гр. за сукање
  • фил
  • 300-400гр. сирење по желба(козјо,овцо или кравјо)може и урда
  • 100мл. масло за прскање на корите
  • за попарување
  • 300мл. врела вода

Подготовка

Брашното со квасецот, солта, шеќерта и зејтинот го замесуваме со топла вода. Од тестото формираме неколку топки, големината и бројот на топчињата тесто зависат од површината на која ќе ги сукате. Јас сукам на работна маса и затоа ми излегуваат десет помали топчиња кои се доволни за еден плех од шпорет.
Топчињата ги сукаме попрскуваме со неколку лажици зејтин ставаме од сирењето и ги преклопуваме за да добиеме правоаголна форма која ја гужваме. Вака подготвените банички наросете ги со сирење ставете ги во плех и оставаме петнаесетина минути додека ни се загрее рерната да подстасаат.Печеме на 200степени половина час.
Од како баничките ќе се испечат попарете ги со врелата вода повторно вратете ги во рерната да ја впијат течноста.
Добар апетит!!!