Вкусна е кога е сосема оладена
Подготовка
Фил
- Изрендајте ги јаболката, додадете во нив 2 ванили, оревите, циметот.
Оставете настрана.
-Изматете ги јајцата со шекерот пенесто, додадете јогуртот, измешајте, додадете зејтинот- измешајте, потоа додадете го пецивото и лебните трошки.
Во намрснета со зејтин тава ставете една кора, премачкајте со добиената смеса со јајцата, врз неа ставете друга кора-премачкајте и така спремајте четири кори. На четвртата која сте ја премачкале исто така ставете од ренданите јаболка. Замотајте во ролат - пренесете во тавата, Така се работи се до потрошување на корите. Можете да ги спремате и со по три кори, можете да ставате од ренданата јаболка и на секоја која па да замотате во ролат... тоа вие изберете.
Ставете да печете на 180-200 степени. Додека се пече ставете да се вари шербетот и тоа откако ке зоврие нека вари само 5 мин. Нека олади.
Печената топла пита залијте ја со шербетот или пак обратно - топол шербет врз оладена пита.
Јас никогаш немам трпени да чекам. Додека се пече го варам шербетот, ке ја извадам питата и шербет врел и врела пита. - заливам, не ми е проблем воопшто - а вие одлучете. Знаеме дека важи правилото едното да е ладно - другото топло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани