Подготовка:

1. Јаболката се рендаат на ситната страна од рендето. Во ситна цедалка или уште поубаво во газа убаво се исцедуваат. Сокот го зачувуваме.

2. Во тава на оган се става 50 гр путер да се растопи. Се додава 50 гр шеќер и 10 гр цимет. Штом се запржи и замириса се додаваат и јаболката. Се пржат додека убаво да им испари преостаната течност.
100 гр путер го растопуваме. Јас го растопувам во микробрановата, на 30 степени на една минута.

3. Се зема една кора и со четче се премачкува на неколку места со растопениот путер. Врз неа се става уште една кора, се намрсува исто така, на едниот крај се става од филот и се завиткува во ролатче. Така со сите кори, значи две кори, едно ролатче. Се сечат на парчиња со димензии по желба, се премачкуваат со сиот преостанат путер и се ставаат да се печат.

4. Се печат на 180 степени околу 40 минути. Треба да се попечени, за да не омекнат од преливот.

5. Во течноста од исцедените јаболка се додава уште 100 мл вода и 400 гр шеќер и се вари прелив. Се остава да поврие 5-6 минути. Со преливот се потураат коричките. Коричките да се млаки, преливот жежок, но не врел. Се превтруваат по еднаш до два пати и се вадат од преливот. Крцкави се, сочни се, превкусни се.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови