Паниран ослич во рерна
Подготовка
1. Рибите истријте ги внатре и надвор со малку сол. Наведените состојки ставете ги во сад и измешајте ги.
2. Потоа секоја риба валкајте ја во смесата насекаде однадвор. Ако сакате, намачкајте ja и внатре. Наредете ги во намрсена тава за печење и одозгора помалку, не обилно, полејте ги со маслото.
3. Истото направете го и со компирите. Исечени на покрупни парчиња, извалкајте ги во останатата смеса за рибите и ставете ги на едниот крај во тавата. Јас решив во посебна тава да ги печам, за да не примаат мирис од рибите во печењето. Одозгора ставете ги гранчињата рузмарин.
4. Покријте со капак и печете на 200 степени 30-40 минути. Послужете со парчиња лимон.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови