Сметав дека е убаво да го поставам овој убав рецепт за пандишпан овде.
Постапката ја опишувам во детали,па ќе се најде и на некој што прв пат почнува да пече пандишпан.
Белките одделете ги од жолчките.
3 жолчки
1грам сол
2 мл ванила
Ги матиме со маталче да се спојат.
3 белки се матат со 90 грама шеќер.
Прво се матат само белките додека не почнат да се згустуваат.
Постепено на три пати се додава шеќерот.
Прво едната третина, па малку се мати,и се така додека не го потрошите шеќерот.
Ова тесто бара многу матење.
Штом стане многу тврд шамот од белки, ги додаваме разматените жолчки.
Матиме убаво и тоа да се соедини.
Врз садот ставаме сеалка ( сито )па додаваме 90 грама брашно.
Го сееме брашното во матените јајца.
Со шпатула постепено го соединуваме брашното со смесата.
На страна во еден мал сад ги соединуваме млекото со маслото ( 30мл.млеко и
30мл.масло )
Со шпатулата земаме мал дел од пандишпанот и префрламе во садот кај течностите.
Ги соединуваме заедно.
(ќе добиеме малку погуста смеса )
Таа смеса постепено ќе ја вратиме назад во садот кај јајцата и ќе ја соединиме.
Матиме само со шпатула. Смесата е преубава,воздушеста.
Калапот каде ќе печеме треба да го обложиме со хартија.
Пресечете круг за доле, и една широка трака за страната.
Полека префрлете ја смесата во калапот.
Поминете со едно дрвено стапче за ражниче, по средината на калапот, нека легне убаво смесата рамномерно.
Потоа удрете го лесно садот неколку пати од работната маса, да легне смесата.
Ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени околу 30 до 35 степени.
Не ја отварајте рерната додека се пече.
Печениот пандишпан,пред да го вадите од калапот,повторно чукнете го од работната маса,да се ослободи самиот од калапот.
Вадете ја хартијата кога пандишпанот е ладен.
Притиснете со раката,тој оди до дното и назад.
Сечете и филувајте.
Ова е доза за еден мал калап. Можете да си ги зголемите дозите според потребите.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови