2
окт
2020
Палачинки со спанаќ
Најпрво исчистениот и исецкан спанаќ го запржуваме со малку вода, зејтин и сол. Го оставаме да олади. Потоа јајцата ги матиме со малку сол, го додаваме млекото, брашното, пецивото и спанаќот и пак матиме. Смесата е погуста од обичните палачинки.
На поголемо тавче(бр.24) на малку масло ги печеме палачинките и од двете страни. Смесата е за 8 поголеми палачинки.
Предлог за фил за палачинките е да се намачкаат со павлака, се ренда сирење, се ставаат 2 круга шунка и се замотуваат.
Палачинките се одличниза појадок, за вечера или мезе.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови