6
фев
2012
Палачинки со овошје и шлаг
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 50 грама Шлаг
- 50 грама Шеќер во прав
- 1 Тесто за палачинки
- 100 грама Суво грозје
- 50 грама Ореви
- 80 грама Диња
- 1 парче/чиња Ванила
- 1 Банана
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 15 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Палачинки со овошје и шлаг
ПОДГОТОВКА:
Секоја палачинка се филува, се превиткува левата и десната страна и се прави како пирошка. Така направени се редат во чинија, се посипуваат со шеќер во прав во кој има ванилин шеќер. Над секоја од палачинките се става шлаг и се украсува со овошје.
За филот: праските се лупат и сечат во коцки, се додава дињата сечена исто така на коцкички, потоа сувото грозје што стоело во топла вода да набабри (исцедено), сечената банана и шеќерот во прав. Исто така се додаваат неколку лажици шлаг за овошјето да се соедини.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови