13
јан
2020
Американски палачинки со шумско овошје
Подготовка
Сите состојки се миксираат и се остава тестото да одмори додека се прави преливот од шумско овошје. Палачинките се пржат на умерен оган по 1 минута од секоја страна. Се редат една врз друга премачкани со еурокрем и одозгора прелиени со овошје.
Во длабок сад се става смрзнатото овошје(јагоди,малини,рибизли..) посипано со шеќер на рингла. Така постепено овошјето ќе пушти течност и треба да се вари 10мин. На крајот се додава нишесте изматено со малку вода и се вари како пудинг. Се става овој прелив врз палачинките најгоре. На здравје
Лиценца: Сите права се задржани