За подготовката на палачинките нема да кажувам многу затоа што постапката е стандардна.
Ќе се задржам на подготовката на филот.
Во тенџерче на оган се налива млекото со шеќерот.
Се остава да се вжешти па се додава путерот .
Прашокот за пудинг го раствораме со мал дел од млекото,па постепено мешајќи го додаваме во врелата смеса.
Тргаме од оган.
Додаваме ванилен шеќер,суво грозје и кокос.
Значи кога се е готово одиме со филување на палачинката.
Ја премачкуваме цела палачинка.Ја превиткуваме на пола ,па на четвртина.
Ако сакате декорирајте ја по вкус.
Јас не декорирав со ништо, доволен ми беше нежниот вкус на кокосот и ванилата.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови