Палачинки со ванила крем и овошје
Од сите состојки со миксер го подготвуваме тестото за палачинки.Ги додаваме и ситно исечените цреши во смесата.На намастено тавче печеме палачинки.Од оваа смеса излегуваат 10 палачинки.
Пудингот го подготвуваме според упатството.200 грама цреши со 3 лажици шеќер ставаме на оган и оставаме да повријат малку за да испари течноста од црешите.Тргаме на страна да оладат.Ананасот го сечеме на коцки и го додаваме во оладениот пудинг.Секоја палачинка ја премачкуваме со кремот од ванила и ананас и одозгора ставаме од црешите.Преклопуваме и дегустираме.
Црешите што ги употребив беа замрзнати,а ананасот од конзерва.Ова е само идеја од моја страна,инаку може да се употреби било кое овошје,независно дали е свежо,замрзнато,од компот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови