Палачинки само со банана и јајца
Брзо, лесно, здраво, дури и диетално =))
Бананата се пасира со вилушка. Доколку сакате можете да оставите покрупни парченца. Се додаваат јајцата и убаво се мати да се соедини.
Се пржат на загреано тавче премачкано со масло.
Пожелно е формата да не им биде голема за да може полесно да се превртуваат за да се допечат (допржат).
Толку!
Многу се вкусни. Немав идеја што да очекувам од овој рецепт, а го меркав на интернет долго време, па го спремив кога имав гости, да не смее никој да бекне ако не чини =))
Нема потреба од шеќер воопшто.
Инаку, тестото е течно, па треба да се пече на потивко, подолго време од вообичаена палачинка. Кога горната површина ќе направи меручиња и ќе се исуши добро, тогаш е време да се преврти. Доколку сакате можете да додадете 1-2 лажици брашно и да промешате без миксер, но во оргиналниот рецепт нема брашно, само јајце и банана. Додека си ги гнеткав (дупла доза нормално) посакав да сум ставела малку цимет или каранфилче, а може и од горе да се посипат кога ќе бидат готови.
Е па, НА ЗДРАВЈЕ ДИЕТА =))
Лиценца: Сите права се задржани