Рецептот е од мојата снашка која е експерт за солени работи, многу брзо и лесно се приговува, ја краси трпезата и е многу вкусен за јадење.

Сите состојки освен маргаринот се мешаат со жица за матење како за палачинка.

Во помал плех од шпоретот се става маргаринот да се растопи. Откако ќе се стопи и загрее се става смесата и се печи во загреана рерна од 200С додека се вцрви одозгора.

Врз печеното тесто се распоредува насекаде од ренданиот кашкавал, шунка и магдонос и се витка во ролат.

Одладениот ролат одозгора се премачкува со кисела павлака.

Можи да се прават варијации од овој ролат, така во дополнителните слики има бел, без ајвар во тестото, а во филот можи да додавате и рендани моркови, краставички, маслинки и сл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани