Оцет од киви
Рецептот не го правев јас, ама толку ми се допадна што морав да побарам рецепт. Како ми кажаа така ви го пренесувам. Го користам и имаат многу убав шмек салатите со ваков оцет.
Кивито се меле на гроздомелачка, а сфатив и дека може во блендер да се сомеле.
Се става во сад за ферментација и се додава вода околу 10 % од вкупната смеса што се добива, а може и повеќе. Садот не се затвора за да може да „дише“, ама добро е да се стави некоја газа или капак, кој нема сосема да го затвори.
На секои 2-3 дена се промешува.
После 3-4 недели зависно од надворешната температура, се проверува дали ферментацијата завршила односно дали се претворила во алкохол (налик на вино). По ферментацијата се процедува течноста од комињето. После тоа се преточува низ газа за да биде побистар оцетот.
Знам дека може да се направи оцет и од други врсти на овошје, ама еве и со киви можело.
Би сакала ако имате некакви сугестии или дополненија во рецептот да ги напишете.
Доколку имате прашања не би знаела да ви ги одговорам, ама ете во спомен на мојот свекор сакав да го објавам ова негово дело.
Лиценца: Сите права се задржани