Оваа, на некому можеби небоична комбинација на риба со зеленчук, мами не само со својот вкус, туку и со боите. Пробајте, а потоа храбро впуштете се во создавање на сопствени комбинации. Едноставно кинеско јадење кое е прилагодливо на нашата кујна.

1.Оризот сварете го и оставете го да се цеди.

2. Рибата исчистете ја и однадвор малку засечете ја (ова не е потребно ако коистите филети). Малку пржете ја во сусамово масло од двете страни.

3. Запржената риба ставете ја настрана на хартија да се впие мрснотијата.

4. Зеленчукот (морковот, пиперката и младиот кромид) исечете ги на резанци со должина околу 3 см, и запржете ги околу 5 минути.
Потоа додадете сув зачин, прстофат кафав шеќер, оцет, соја сос и на крај вода.

5. Запржете го зелечукот некоја минута и додадете ја пржената риба.
Динстајте на тивко 10-15 минути.

Ослиќот со зеленчук послужете го со сварениот ориз.
Со ваша фантазија, видовите бела риба и зеленчук може да ги прилагодите
според вашиот вкус.
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани