23
ное
2015
Ориз под капак
Ручек за жените со многу обврски кои решението за вкусен ручек го бараа во нешто брзо,а сепак вкусно.
Го сецкаме пилешкото на ситни коцки и ставаме да се пржи во вок тава од делимано со малку зејтин. Откако ќе се запржи месото во него додаваме ситно исецкан кромид и морков и на крај го додаваме оризот. Зачинуваме по вкус.
Додаваме вода по потреба и вариме со затворен капак со повремено мешање.
Откако ќе се свари оризот ручекот е готов.
Во него може да се додаде црн бибер и куркума.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови