На љубопитноста моја во кујната и го нема крајот. Мораше и вакво нешто да се спрема - на наша радост - си остана при врвот на менито.
Навистина вкусно. Кога ги немам овие оризови нудли и кус-кусот е одлична замена приготвен на овој начин.
Го сакам зеленчукот кој одвнатре е уште крцкав, а однадвор само малку пропржено, кога ќе се постигне овој резултат - значи си ја открил тајната на ВОК, па затоа инвестирајте во него и загрејте го на висока температура, сето друго останато ќе си дојде само по себе.
Рецептот ми е од драгата ми пријателка Руменка Аризанкоска
 
1. Во длабока здела ии лонец ставете го оризовото фиде, залијте со 1 л. врела вода, поклопете и нека постои 2 минути. Извадете го фидето во цедалка и пуштете врз него ладна вода - ова за да не ви се залепи. Сега оставете го потполно да се исцеди. Исцедено исечето го со ножици во должина која сами сакате да ја имате.
2. Во ВОК тава доколку ја имате или друга тава загрејте го зејтинот, ставете малку сол, кромидот и лукот, промешајте неколку пати и веднаш ставете го пилешкото месо. Пржете го на повисока температура непрестанувајки го да го мешате се до неговата готовност. Извадете го и ставете во сад, поклопете да се сочува топлината.
3. Сега е на ред останатиот зеленчук кој ќе го пржите секој посебно и тоа не предлолго, постојано го мешате. Потребно е секое засебно само да омекне и да остане крцкаво. Доколку оцените дека е потребно да се додаде зејтин - додадете. Примерно - ќе ставите да се пржи морковот, кратко нека се пржи извадете со решеткаста лажица во чинија, потоа ставете од друг зеленчук  и се така секој засебно пржите и вадите со решеткаста лажица.
Брокулата ја ставате да се пржи на крајот бидејки нејзината термичка обработка е најкратка.
- Кога веќе се е испржено, едно по едно вракањето во тавата, додадете го месото и се заедно измешајте.
- Додадете го исцеденото и сечено оризово фиде (нудли), соја сосот, чили сосот доколку се одлучите да е пикантно, посолете на вкус, додадете толчениот бибер. Измешајте, вратете на ринглата и нека се пржи целото заедно уште 1-2 минути.
Сервирајте и следи уживањето. За вашиот труд ке бидете наградени со еден префинет вкус.

СОВЕТ
Дека не е добро да се пржи се одеднаш, има причина
-Секој зеленчук има различно време на припрема, како што се тиквичките. Тие ќе се размекнат, а морковот ќе остане сиров.
- ако се стави целиот зеленчук одеднаш, поголема е количината, па наместо да се испржи, тие ќе се сварат, земајки во обзир дека секој зеленчук ќе го пушти сопствениот сок.
- Затоа секој зеленчук е потребно да се пржи засебно, не се пржи долго, само толку време колку што е потребно да омекнат, за цело време се пржат на добро загреан зејтин.
- Брокулата се става најпосле заради нејзината најкратка термичка обработка, така ќе ги зачува таа своите особености - свежината и крцкавоста.
-Потрудете се да секој зеленчук го подеднакво исечете - заради должината на пржењето.
- При сервирањето можете да на чинијата ставете сусамов зејтин, искршен индиски орев.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани