Оризови галети со фил од мусли, суви кајсии и кандиран ѓумбир (посно, без печење)
Еве еден интересен спој на вкусови, подготвени во посни денови, а сепак одлично и
корисно засладување...или пак појадок...
Подготовка
1. Сувите кајсии ги потопуваме во сок од јаболка и ги оставаме барем 1 час за да
омекнат. Омекнатите кајсии заедно со сокот ги ставаме во Нутрибулет/блендер и ги
мелеме до измазнување.
2. Муслито и чиа семето ги ставаме во Нутрибулет и ги мелеме. Ги ставаме во сад во кој
ќе ги соединуваме сите состојки.
3. Кон нив ги додаваме медот, сечканиот кандиран ѓумбир, мелените суви кајсии, па
соединуваме. Муслито е суво и ја упива целата течност од состојките, така да ќе си
додавате сок од јаболко по потреба. Смесата ја оставаме на страна.
4. Во тенџере на средна температура го топиме чоколадото, додаваме кокосово масло и
соединуваме. Во него ја потопуваме секоја галета, од една страна и по рабовите. Ги
оставаме да се стегне чоколадото.
5. Врз една галета ставаме од филот и затвораме со друга галета. Како сендвич кога
правиме. Можеби и така требаше да ги именувам...
Забелешка
Сокот од јаболка кој го подготвив во соковник не го ставаме во целост кога ќе ги мелеме
кајсиите. Значи го додаваме по потреба и по желба колку сакаме да ни биде густината на
филот.
Филот пробајте го пред да го редите, ако сакате да ви биде поблаг ќе си додадате мед
или пак некој друг засладувач...
Чоколадото е посно и со висок процент на какао.