Пилешките свежи гради ги сецкаме на мали коцки.
Во еден сад ги соединуваме маслото, некоја капка лимон, кари, сол и бибер.
Тука го додаваме пилешкото месо, промешуваме и го оставаме во фрижидер да одстои барем 1 час.
Потоа на загреана тава го пржиме да зарумени.
Во касерола на оган налеваме вода и додаваме сол.
Од кога ќе зоврие ја додаваме орзо тестенината, а може тука да се стави и морковот да се вари, и вариме според упатството.
Сварената тестенина ја процедуваме и ја миеме со ладна вода.
Ја оставаме во цедалка додека ги подготвуваме другите состојки.
На црвениот домат му ја вадиме срцевината, односно семките.
Месото од доматот го сецкаме на ситни коцки.
Во еден сад ги соединуваме орзо тестенината, капарите, коцките домат, коцките варен морков,испрженото пилешко месо, бибер и киселата павлака.
За сочноста на салатата одредете си сами колку ќе ставите кисела павлака.
Сервираме и послужуваме.

Забелешка - на дополнителните слики ќе видите како изгледа салатата со половина количина на кисела павлака, а главната слика е со цела количина, па спрема тоа одредете си вие за густината на салатата
Како да ја подготвите е многу вкусна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани