7
јул
2016
Орзо салата
Одлична орзо салата за летниве горештини. Тестенината, орзо ја ставаме во зовриена вода да се вари според упатството на кесичката (околу8-9 минути). За тоа време ги сецкаме кашкавалот, маслинките, магдоносот,лутата пиперка, измиената краставица, на која сме и ја извадиле срцевината, измиениот домат, кој сме го исчистиле од семките. Сварената тестенина ја процедуваме, ги додаваме останатите состојки, ја преливаме со маслиново масло, сок од лимон, зачинуваме и сервираме.