Испечати

Орзо салата

Орзо салата

Состојки

  • 200 гр орзо тестенина(во вид на ориз)
  • 1 мала краставица
  • 1 црвен домат
  • 10 маслинки со црвена пиперка
  • 1 лута зелена пиперка
  • 120 гр сецкан кашкавал
  • 1 рака магдонос
  • 1/4 лажичка лук во прав
  • 2 ливчиња сецкана маточина
  • Прелив
  • 1-2 лажици маслиново масло
  • Сок од лимон бибер, сол

Подготовка

Одлична орзо салата за летниве горештини. Тестенината, орзо ја ставаме во зовриена вода да се вари според упатството на кесичката (околу8-9 минути). За тоа време ги сецкаме кашкавалот, маслинките, магдоносот,лутата пиперка, измиената краставица, на која сме и ја извадиле срцевината, измиениот домат, кој сме го исчистиле од семките. Сварената тестенина ја процедуваме, ги додаваме останатите состојки, ја преливаме со маслиново масло, сок од лимон, зачинуваме и сервираме.