ОСНОВА
1. Колачите се ставаат во кеса и се ронат со оклагија на поситни делови (понекогаш јас ги мелам со чоперот на Делимано за да биде поситна смесата)
2. Путерот отстојан и омекнат на собна температура се меша со издробените (или сомелените) колачи и се соединува убаво со рака.
3. Смесата се става на дното на калап 24 см со стегач.

ФИЛ
1. Сирниот намаз се мати со миксер заедно со шеќерот во прав и во него се додава маскарпонето (или вајкремот)
2. На страна се мати слатката павлака и таа се додава во претходната смеса
3. Желатинот се потопува со 4 лажици вода и се остава да набабри, а потоа се загрева или во микро или на тивок огин. Се растопува (но не да зоврие !) и се додава во претходната смеса. Брзо се мати со миксерот, кратко, за се заедно убаво да се соедини
4. Половина од филот се истура врз основата од орео колачи
5. Колачите (се зимаат 6 од наведените 10 колачи) и се делат на половинки и се редат по една половинка во круг по краевите врз филот.
6. Преостанатите 4 колачи (од наведените 10 колачи) се мелат со Делимано чоперот и се додаваат во втората половина од филот. Се промешува филот, (добива потемна боја од колачите од првиот дел) и истиот се премачкув врз наредените орео колачи.
7. Дел од колачите за декорација ги мелам и посипувам врз филот, а дел од нив ги редам цели
8. Слатката павлака се мати и со шприц се декорира по желба
9. Се остава да се излади 5-6 часа (мене лично ми е поубав чизкејкот кога е замрзнат затоа што ми е некако како сладолед)
....... дел од сликите се со фил кој има бледо порокалова боја кој ми е правен на два начина - едниот е правен со желатин со боја и вкус на мандарина, но таков не се наоѓа на нашиве простори, па затоа ви ја напишав верзијата која ни е подостапна, но ги испратив и сликите од двете верзии.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани