Ова е стара класична торта со ореви.
1. Се прави филот. Во млекото се става шеќерот и зоврива. Потоа во него се меша нишестето и се вари како пудинг. Се остава да олади. Кога ќе олади се соединува со мекиот маргарин и се мати да се изедначи смесата. Во него се додаваат мелените ореви.
2. Во длабок сад се матат јајцата, шеќерот и се додава брашното кое се мешаа со шпатула. Се печи во округол плех бр28. Се печи на 180С -20мин
3. Во друг сад се матат јајцата и шеќерот се додава врелата вода бршното и оревите. Се изедначува смесата и се печи исто во плех бр28 на 180С-20мин. Ова тесто се сечи на половина да се добијат две теста.
Постапка
Се става прво едното тесто со ореви и се прелива со ладно млеко. Врз него се реди филот кој е поделен на 3 дела. Потоа доага жолтото тесто и тоа се полива со млеко и врз него се става филот. Пак се става третото тесто и фил и се премачкува со фил. Се поросува обилно со мелени ореви. Тортата не ја декорирав зошто сакав да биде автентична со времето. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани